Видео: Промовиран проектот „Планински рај – опуштете се и уживајте“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 10:36 PM

Видео: Промовиран проектот „Планински рај – опуштете се и уживајте“

Посетителите на зимско-рекреативниот центар „Шара ски“ отсега ќе имаат можност за еден еден поинаков престој во природа. Пешачење, велосипедизам, детска забава и уживање на чист воздух е комбинацијата на сите убави работи кои ќе го овозможат тоа преку проектот  „Попова Шапка-планински рај-опуштете се и уживајте“ на Здружението „Планинарски клуб Шара ски.

Пешачко-велосипедската патека „Јелак“ со вкупна должина од 12 километри е можност да се помине неколку часа на чист воздух, да се види убавината на зимзелената шума од борови и елки попат. Во рамките на проектот е изграден и простор за одмор со клупи, што претставува нова содржина за посетителите на Попова Шапка. Од ски-центарот до новото место за одмор се потребни околу час до час и половина пешачење, а патеката спаѓа во лесна категорија која може да ја поминат и почетници.

-Просторот се состои од 4 маси и осум клупи, канти за отпадоци. Исто така, поставена е и инфо – табла со дополнителни информации за можностите и активностите во близина на патеката „Јелак“.Таа е поставена на шестиот километар на патеката која е во вкупна должина од 12км (во двете насоки), во непосредна близина на прекрасниот видиковец од кој се гледа „ Јелачки црн врв“ – изјави Тихомир Аноски, претседател на планинарскиот клуб „Шара Ски“.

-Тоа се атрактивни содржини за најмладите (лизгалка, нишалка, клацкалка, вратила) меѓу кои најмногу внимание привлекува детскиот тандем Зип лајн. Еден дел од паркот е прилагоден за деца со попречености. Детскиот парк е поставен во дворот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка, влезот е бесплатен за сите посетители. Заради дополнителна безбедност на децата набавена е заштитна опрема (кациги со различна големина).Во склоп на Паркот опремени и функционални се два тоалети кои се наменети исклучиво за Кидс адвенчар паркот –  објаснува Аноски.

-Оваа веб платформа е создадена заради подобрување на атракциско мотивациските фактори преку збогатување на туристичката понуда, но и промоција на истата, а со цел да се зголеми приливот на туристи врз основа на пристигнувања, како и развојот на туризмот на Попова Шапка.