ВИДЕО: Необјавен спот на Влатко Илиевски – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/18 8:00 AM

ВИДЕО: Необјавен спот на Влатко Илиевски

„Фабрика продукција“ на својот официјален канал на „јутјуб“  објави нов спот на Влатко Илиевски. Станува збор за видеозапис за песната „До крајот“. Нема детали кога е снимен овој проект, а видеото е споделено и на „фејсбук“ на една од фан-страните на трагично починатиот пејач.

Безживотното тело на Илиевски,  беше пронајдено во неговиот автомобил во Скопје. Според првичните информации, кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта на 33-годишниот Илиевски.

Веста за неговата смрт ја потресе македонската естрада и неговите фанови. Колегите на пејачот и други познати личности, преку социјалните мрежи во неверица сѐ уште се збогуваат со Илиевски. Влатко неодамна го прослави 33-от роденден.

На музичката сцена беше активен од 2000 година. Свирел гитара во локални скопски бендови, членувал во бендот „Мејд ин Маседониа“, а потоа стана познат како вокал на групата „Морал“ која во 2005 година настапи како предгрупа на концертот на „Дип парпл“ во Скопје.

Од 2007 година почна солистичка кариера и имаше два албума со вкупно 20 песни. Во 2011 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Диселдорф, Германија, со песната „Русинка“.

Преземено од: Независен