Еуфоријата за Нова година влезе на големи врати, особено сега кога поради пандемијата на луѓето им фали било каква причина за ведрина и дистракција од реалноста.
Една писателка на интернет сподели во кој правец тргнала еуфоријата во нејзиниот дом, кога на нејзината 4 – годишна ќерка ѝ дозволила да ја украси елката. Малото девојче, во свој стил и сосема доследно на својата висина, се потрудило колку што може да помогне во новогодишното украсување. Кога нејзината мајка го објави резултатот на Твитер, нејзините следбеници беа шармирани од неодоливото детско украсување на елката, па ова ремек дело до сега е споделено над 400 000 пати на социјалната мрежа.
Како изгледа ремек-делото на 4 – годишната декораторка, погледни на фотографијата што ја објави нејзината мајка.
Фото: https: www.momresource.cа; AC Thomas