Наместо во ЕУ, Заев не’ заглави во бугарскиот „Пазарџик“, рече Милошоски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 3:19 PM

Наместо во ЕУ, Заев не’ заглави во бугарскиот „Пазарџик“, рече Милошоски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ попладнево протестираше против, како што велат, предваничката политика на Зоран Заев и Владата и распродажбата на се’ она што е македонско, а имаше и блокада на Владата и на Министерството за надворешни работи.

„Оставка за тие што викендов беа затворени во МНР – мнинистерот Османи и тројцата негови соработници, кои преговараа со нивни колеги од Софија. Во чие име преговараа, што преговараа и што договорија? На чија сметка, кој им дал мандат да преговараат за она што е традиција, интерес, историја, книжевност, јазик на македонскиот народ?  Оваа држава е предводена од корумпирани политичари кои националните интереси ги гледат само како предмет на преговори за да можат  да останат во фотелјите. Се сеќавате ли на фотографијата од 2018., кога велеа дека сме добиле дадтум за почеток на преговори со ЕУ.  Заев ветуваше дека ќе ја однесе Македонија во ЕУ, дека ќе биде дел од европскиот Париз, за да заглави во бугарскиот „Пазарџик“, рече Антонио Милошоски пред МНР.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, Зоран Заев распродава се’ што е македонско, а народот се информира од странски медиуми што прави премиерот.

„Ништо не се знае, не се знае за што се преговара Заев. Тоа е најлошо што може да му се случи на секој граѓанин. Замислете граѓаните треба да дознаат за што преговара премиер на нивна држава преку странски медиум, во случајов бугарски. Затоа сме тука ние пред владата, пред МНР. Ова се институции кои мора да дадат одговор. Заев е најголемиот трговец на се’ што е македонско”, рече Мисајловски.