Задоволен од сработеното во изминатите три години од првиот мандат, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска и официјално најави дека ќе се кандидира за втор мандат. Toj за успешна ја оцени и годината што одминува за општината и покрај здравствено економската криза со ковид 19.
„Заедно со мојот тим и советот на општина Кавадарци успеавме да ја исполниме предизборната програма и ми дава за право да размислувам во тој поглед и мојата конечна одлука е дека ќе се кандидирам за втор мандат со нова програма, проекти и идеи“ вели Јанчев.
Тој давајќи отчет за сработеното пред новинарите од Кавадарци нагласи дека во изминативе три години се реализирани повеќе проекти од огромно значење за општината.
Ангел Данов