Џони Дип собира барбики, Џоли ножеви, Бијонсе мед, Рајан Гослинг плете – еве какво хоби имаат познатите – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 2:25 PM

Џони Дип собира барбики, Џоли ножеви, Бијонсе мед, Рајан Гослинг плете – еве какво хоби имаат познатите

Кога не се во јавноста, славните, како и повеќето од нас, го поминуваат слободното време уживајќи во хоби. Некои од нив сакаат да прават работи, додека други се собирачи на одредени видови предмети.

Џони Дип
Ѕездата на филмската серија „Пиратите од Карибите“ има колекција на ретки Барбики, кои се продаваат во ограничени серии. Многу од нив се моделирани според познати личности. Деп, меѓу другото, е сопственик на кукли Бијонсе, Елвис и Линдзи Лохан.


Анџелина Џоли
Верувале или не, оваа позната актерка собира ножеви. Првиот од нив го добила од нејзината мајка кога имала 11 години, а својата љубов кон сечилата ја пренела на нејзиниот син Медокс.


Рајан Гослинг
Во една сцена од филмот, „Ларс има девојка“ од 2007 година, во која глуми Рајан Гослинг има група постари жени што плетеат. На денот на снимањето на оваа сцена, Гослинг сакаше да научи како се прави тоа, па ги замоли своите колеги од филмот да го научат како да плете. Подоцна призна дека никогаш не се чувствувал порелаксирано од тој ден, поради што плетењето станало неговото ново хоби.


Бијонсе
Бијонсе ужива да прави мед во слободното време. Популарната пејачка има два пчеларника на својот имот, а ова хоби го избра за да им помогне на своите ќерки во борбата против алергиите. Имено, медот е познат по своите лековити својства кога станува збор за алергии.


Леонардо Дикаприо и Бред Пит
Леонардо ди Каприо и Бред Пит станаа добри пријатели за време на снимањето на филмот „Еднаш, некогаш во Холивуд“. Едно нешто што ги поврзаше беше вајарството. Слободното време за време на паузата за снимање го искористија за да направат уметнички дела заедно во куќата на Бред.


Клаудија Шифер
Познатата германска манекенка е воодушевена од пајаци уште од мала. Во меѓувреме, Клаудија се воодушеви и од други инсекти, а денес има многу видови на овие животни во своите инсектариуми, заедно со големите енциклопедии за нив.


Том Хенкс
Том Хенкс е страствен колекционер на стари машини за пишување. Има повеќе од стотина од нив, а понекогаш ги користи за да ги напише своите приказни и да направи списоци за купување.

Преземено од: https://citymagazine.rs/