И по 10 дена кризна состојба, се уште се чека на одобренија и дозволи од МВР и Министертсвото за транспорт за ковид центарот за приватните болници – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 12:40 PM

И по 10 дена кризна состојба, се уште се чека на одобренија и дозволи од МВР и Министертсвото за транспорт за ковид центарот за приватните болници

Денеска работни тимови на Министертсвото за транспорт и врски, заедно со Министертсвото за здравство и со одредени општини ќе дискутираат за издвање одобренија и дозволи за отворање на ковид центарот на приватните болници, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој рече дека наскоро ќе има информации за оваа значајна тема.

„Денеска ќе имаме состанок на нашите работни тимови на Министертсвото за транспорт и врски, заедно со Министертсвото за здравство и со одредени општини каде што треба да се дискутира на оваа тема. Јас се надевам дека наскоро ќе има информации на оваа тема кои се значајни за ова прашање. За мене е важно дека во собрание ги донесовме законите за градење и ги олеснуваме сите постапки за поставување на монтажните ковид центри и болници. На министертсвото за здравство му дадовме можност уште една алатка како послесно да работи и да ги поставува ковид центрите со цел заштита на здравјето на граѓаните“, рече Бочварски како одговор на новинарско прашање, зошто МВР и Министертсвото за транспорт и врски 10 дена по Кризната состојба немаат издадено одобренија и дозволи за ковид центарот за приватните болници за да може да почне да прима пациентии кога ќе ги издадат потребните одобренија.

На 20 ти номери Владата на РСМ на седница прогласи кризна состојба на цела територија на земјата и истата ќе биде во траење од 30 дена, се до цел заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија. Во вака состојба државата има право да управува и со приватниот сектор, со што може да го користи кадароти болничките капацитети на приватните болници за лекување на пациенти со Ковид 19.

На состанок помеѓу министерот за здравство Венко Филипче и претставниците на трите приватни клиники во Скопје, беше одлучено дека нов ковид центар во Скопје ќе биде поранешната болница „Мала Богородица“, која на крајот од мината недела требаше веќе да започне со прием на ковид пациентите со средно тешка клиничка слика.

Г.Д