Раул Хименез: Ви благодарам на поддршката, се надевам дека ќе се вратам на теренот наскоро – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 11:35 AM

Раул Хименез: Ви благодарам на поддршката, се надевам дека ќе се вратам на теренот наскоро

Мексиканскиот напаѓач на премиерлигашот Волвс, Раул Хименез, во неделата на дуелот против Арсенал на „Емирати“ доживеа тешка повреда која ќе го оддалечи од терените најверојатно цела сезона.

Воздушниот дуел со дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз, за малку не заврши фатално за поранешниот фудбалер на Бенфика. Судирот со главите кои поради празните трибини го слушнаа сите пред малите екрани, преку кислородна поддршка и носилки го однесе несвесниот Хименез во болница.

За среќа повредата на мексиканскиот шпиц нема трагичен епилог, но би можела да значи и крај на кариерата за него, со оглед на тоа дека слична повреда (повреда на черепот) пред неколку години здоби и играчот на Хал Сити, Рајан Мејсон. Мејсон после таа повреда прерано се пензионираше и го напушти фудбалот

На социјалната мрежа „Инстаграм“, Хименез им се заблагодари на сите за поддршката и најави враќање на терените во скоро време.

-Ви благодарам на сите за поддршката. Ќе бидам надгледуван и се надевам дека ќе се вратам на теренот наскоро, стоеше во кратката порака на неговиот профил.

Волвс во текот на вчерашниот ден соопшти дека нивниот фудбалер се чувствува добро и се заблагодари на сите инволвирани кои помогнале Хименез безбедно да се извлече од тешката незгода.

 

 

Фото:

goal.com