Бочварски: Ќе направиме консултации со коморите и стручните служби и ќе доставиме мислење до МТСП за измени на Законот за работни односи – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/20 11:53 AM

Бочварски: Ќе направиме консултации со коморите и стручните служби и ќе доставиме мислење до МТСП за измени на Законот за работни односи

Во Министертсвотот за труд и социјална политика формирана е работна група која ќе одлучува кои сектори од ова министертсво ќе биде опфатен со измените на Законот за работни односи, за недела да биде неработен ден, информираше на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Ние веќе во Министерството за транспорт формиравме работно група која што работи на разработка на најдоброто можно решение, но само да појаснам дека сами не  можеме да одлучиме, ниту пак сакаме. Ќе направиме консултации со коморите, стручните служби и сите заегнати страни кои што спаѓаат под секторот транспорт и врски, со цел да донесеме одлука која ќе биде најповолна за граѓаните, бизнис секторот и при тоа нема да предизвикаме некакви последици во работењето на  бизнис секторот. Отворени сме за разговор, транспарентни сме и тоа што е најповолно, најприфатливо за министертсвото, но и за оние кои на терен работата и соработуваати го движат секторот и домашната економија секако ќе ја донесеме одлуката и ќе ја информираме министерката и јавноста“, изјави Бочварски.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на 24 ти ноември изјави дека на владина седница ќе побара нејзините колеги од другите ресори за седум дена да достават мислења за драфт верзијата на измените на Законот за работни односи, што се однесуваат на предлогот недела да биде неработен ден.

Г.Д