Пејачот Елтон Џон им се придружи на британските добротворни организации во барањето за широко тестирање за СИДА за целосно запирање на преносот на вирусот во Англија до 2030 година, објавија медиумите на Светскиот ден за борба против болеста.
Теренс Хигинс Траст(ТХТ), Националната фондација за СИДА (НАТ) и Фондацијата за СИДА Елтон Џон ќе објават денеска на Светскиот ден на СИДА, 20 препораки за искоренување на новиот пренос на ХИВ до 2030 година. Тие повикуваат на тестирањето за ХИВ да стане стандардна пракса за пациентите кога ќе се јават кај нов лекар и да се изврши рутинско итно тестирање во болница. Тие исто така сугерираат тестовите да бидат достапни во аптеките во области со голема стапка на ХИВ инфекција.
„Оваа година ја научивме важноста на тестирањето, а тестирањето за ХИВ е во срцето на борбата против ХИВ во Англија“, рече Елтон Џон, чија фондација собра скоро половина милијарда долари за борба против ХИВ / СИДА.
„Достапноста на тестирање за ХИВ преку здравствени услуги не само што ќе стане рутина, туку ќе ја отстрани и стигмата што го попречува нашиот напредок“, се вели во соопштението.
Повеќе од 38 милиони луѓе ширум светот се носители на ХИВ вирусот, а пандемијата на СИДА уби околу 33 милиони луѓе откако се појави во 80-тите години на минатиот век. Се проценува дека 100.000 луѓе во Велика Британија живеат со ХИВ. Комисијата за ХИВ ќе препорача Англија да стане првата земја што ќе го искорени преносот на ХИВ до 2030 година и ќе вложи максимални напори да го намали пренесувањето за 80 проценти до 2025 година. Во последниве месеци се зголемуваше загриженоста дека мерките за затворање поради пандемијата „ковид-19“ може да ги поништат веќе постигнатите успеси во намалувањето на преносот на ХИВ, но има и добри страни со затворање, бидејќи мерката може да го разбие „синџирот на пренесување на ХИВ“, според ТХТ.
Преземено од: http://ba.n1info.com/