Градоначалникот на Сомбор, Антонио Ратковиќ донесе одлука за прогласување вонредна ситуација на целата територија на градот поради пандемијата со коронавирусот. Одлуката е донесена врз основа на заклучокот на Штабот за вонредни ситуации, кој одржа електронска седница.
Заклучокот е донесен врз основа на доставениот извештај од Заводот за јавно здравје-Сомбор поради зголемениот број случаи на ковид-19, како и поради неповолната епидемиолошка ситуација на територијата на градот.
Извор: srbijadanas.com