Последниот Божиќ на Трамп во Белата куќа: Меланија се погрижи за украсувањето – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 9:34 PM

Последниот Божиќ на Трамп во Белата куќа: Меланија се погрижи за украсувањето

„Америка убава“ е божиќната тема годинава во Белата куќа, за која првата дама Меланија Трамп вели дека го прикажува „величенството“ на Соединетите Американски Држави.

Орнаментите на официјалното божиќно дрво во Сината соба ги дизајнираа студенти од целата земја, а Националната служба за паркови од нив побара да ги истакнат луѓето, местата и работите што ги прават нивните држави поубави.

-Во текот на последните четири години имав чест да патувам во некои од најубавите краишта на нашите земји и да запознаам некои од нашите најпатриотски американски граѓани – вели првата дама во својата писмена изјава.

-Врската што ја делат сите Американци е почитувањето на нашата традиција, нашите вредности и историјата. Сето ова беше инспирација за украсите оваа година – потенцира Меланија Трамп.

Здравствените работници и вработените во другите итни служби кои се на првата линија на фронтот во борбата со пандемијата која „уби“ повеќе од 266.000 луѓе во САД исто така имаат свое место меѓу украсите.

На семејството Трамп ова му е последен Божиќ во Белата куќа иако претседателот Доналд Трамп инсистира дека и покрај доказите што го покажуваат спротивното, тој победил на изборите.

Новоизбраниот претседател Бајден ќе стапи на должност на 20. јануари.

 

Извор:    blic.rs