Тапанарот на Амадеус бенд, Бојан Златановиќ Токан почина како последица на коронавирусот, а веста за неговата смрт го потресе целиот регион. Сепак, она што многумина, а особено неговите колеги од бендот не го очекуваа во овој тажен период, е одредени музичари да почнат да ги праќаат своите понуди за свирење во бендот.
Гитаристот на овој музички состав, Милан Кордулуп се огласи на својот фејсбук профил.
-Драги тапанари, колеги и пријатели, ве молам не нудете се за местото на Токан, оставете не’ да жалиме како што доликува. Тој некој би требало првенствено да знае дека местото во Амадеус не се добива по препорака на самиот себе во ваков тежок момент. Напротив, тоа само зборува колку се луѓето неквалитетни и бесчувствителни, а на таквите никогаш нема местото да им биде во бендот – заклучува тој во објавата.
Извор: b92.net