Пејачката, Рита Ора изјави дека и е многу жал бидејќи поради роденденска прослава го прекршила правилото за карантин, кое во моментот е на сила во Англија. Пејачката изјавила дека во саботата организирала роденденска забава во еден ресторан во Лондон.
„Со оглед на мерките, сфатив колку мојот потег беше неодговорен и преземам целосна одговорност“, истакна Ора. Медиумите пренесуваат дека на роденденот имало триесетина луѓе, иако Ора ја опиша забавата како „помал собир“.
Таа вели дека одлуката била донесена во моментот. Од лондонската полиција потврдуваат дека излегле на терен и биле во обиколка на ресторанот Kasa Kruz”, откако пристигнала пријава за потенцијално прекршување на карантинот.
Многу ми е жал и сфаќам дека ова може да ги стави луѓето во ризик – потенцира Ора.
Во Англија во моментот на сила е мерката за карантин, според што е дозволено луѓето да се гледаат само на отворено. Пабовите и рестораните се затворени, но дозволена е продажба на безалкохолни пијалоци за носење. Исто така, не се препорачуваат дружби надвор од домовите, ниту собири во затворен простор. На полицијата и’ е дозволено да ги разбие групите составени од минимум шест луѓе, а за непочитувачите следува казна од сто фунти. Со секое следно прекршување на мерките, казната се зголемува и може да достигне до 3200 фунти. БиБиСи пренесе дека нема потврда оти на Рита Ора полицијата и’ има издадено каква било казна.
Пејачката не е првата јавна личност која призна дека ќе прекршила мерките.
Извор: bbc.com


