Кандидатот на СББ за градоначалник на Травник, општина во Босна и Херцеговина, Еведин Канафија (54), почина денеска од коронавирус, јавуваат медиумите од БиХ.
Изгледа неверојатно, но тој е вториот од петтемина кандидати за градоначаник на Травник што умира од коронавирус на две седмици по изборите што се одржаа н 15 ноември. На самиот ден на изборите почина Мирсад Пецо, кандидат на СДА, кој имаше убедливо најмногу гласови, по што беше неизвесно како ќе оди понатамошната постапка.