Волк им дошол „на гости“ во Дечани, се вовлекол во куќата и преспал во бањата – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 4:48 PM

Волк им дошол „на гости“ во Дечани, се вовлекол во куќата и преспал во бањата

Во сeлоѕо Стреоци кај Дечани волк си нашол топло зсолниште во семејна куќа. Влегол низ вратата, се качил на катот по скалите и незабележан од никого, влегол во бањата, каде што неколку ласа отспал во кадата.

Кога некој од семејството отишол во бањата се стаписал. Сите излегле од куќата исплашени, па, како што рекле за „Клан Косова“, го повикале Хисни Речај, „Кралот на волците“ во тој крај.

„Знам како ги извлекуваат во Европа – со куршум или вакцина, а јас ги извлекувам природно. Волкот веќе си е во природата“, изјавил Речај, пренесува „Коссев“.