Хрватите синоќа во Москва ја победија Англија со 2:1 и за прв пат во својата историја ќе играат финале на фудбалско Светско првенство.
Стрелецот на победничкиот гол за Хрватска во полуфиналето со Англија, Марио Манџукиќ, им оддаде признание за борбеноста на сите свои соиграчи и најави беспоштедна борба и во финалето.
– Бевме како лавови, уживавме на теренот и така ќе биде и во финалето. Горд сум на сите во репрезентацијата. Да одиграш така против една Англија не е мала работа. Се уште не сме свесни што направивме. Ова го можат само големи екипи, потенцира Манџукиќ.
Хрватите синоќа во Москва ја победија Англија со 2:1 и за прв пат во својата историја ќе играат финале на фудбалско Светско првенство.
Во борбата за трофејот, в недела, противник ќе им биде репрезентацијата на Франција.
Извор: МИА