Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја критикуваше најавата на некои федерални покраини за отворање на хотелите меѓу Божиќ и Нова година за гости кои патуваат во приватен аранжман, пбјавуваат германските медиуми.
„Имам недостаток на фантазија за да дознаам зошто најпогодените провинции од вториот бран на коронавирус сега планираат да ги отворат хотелите“, рече Меркел, според сведоците на состанокот на претседателството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) наутрово.
Некои федерални држави, како Северна Рајна-Вестфалија или Берлин, кои се најтешко погодени од ширењето на пандемијата, објавија дека меѓу Божиќ и Нова Година, хотелите ќе имаат дозвола да примаат гости за оние кои патуваат за време на празниците за да ги посетат роднините.
Мерките, кои се на сила од почетокот на ноември и се продолжени до 20 декември, им овозможуваат на хотелите да ги прифаќаат само оние гости кои патуваат деловно.
Меркел истакна дека е невозможно да се контролира дали гостите престојуваат во хотели само за да ги посетат роднините или поради некоја друга, чисто туристичка причина.
Меркел особено ја критикуваше најавата за Берлин, во која последните денови е забележана инциденца од над 200 заразени и каде што капацитетите во единиците за интензивна нега се пополнуваат со голема стапка.
Коалицијата на демохристијани и либерали е на власт во проблематичната Северна Рајна-Вестфалија, а социјалдемократите, зелените и левицата се на власт во Берлин.
Според истите информации, германскиот канцелар не ја критикувал најавата за отворање хотели во сојузните држави Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија, каде што бројот на заразени е значително помал.
Меркел се залага и за оневозможување на ски и зимски туризам барем до 10 јануари, во кој е поддржана од Италија и Франција, но на ова се спротивставува Австрија. Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија има и најсеверни германски зимски центри, кои се популарни кај жителите на Холандија и Белгија. Одлуката за примена на договорените мерки ја донесуваат самите федерални покраини. Во последниве месеци, федералниот систем во Германија честопати беше мета на критики за неговиот нерамномерен пристап во борбата против ширењето на инфекцијата со коронавирус.
Преземено од: http://hr.n1info.com/