Кучето – жирафа во кое инстантно ќе се заљубите – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 4:09 PM

Кучето – жирафа во кое инстантно ќе се заљубите

Без разлика дали мали или големи, со огромно крзно или без, сите обожаваме кучиња. Но дали до сега сте виделе куче што личи на жирафа? Ако не сте, сега ја имате шансата. Освен што и фалат препознатливите шари како на жирафа, Клио, кучка од расата Windhound е совршена кучешка верзија на жирафа.

Поради нејзините нетипично долги нозе и врат, Клио доби и свој инстаграм профил каде ја крстија Cleo Long Legs (Клио Долги Нозе) и таму е вистинска атракција. За кратко време, Клио стана миленик на инста-публиката и до сега има над 23 000 следбеници.

„Клео ја вдомивме кога имаше само 6 месеци и од тогаш си живее среќно со нас исто како да е член на нашето семејство“, вели нејзината сопственичка Клер.

„Клио сега веќе има наполнето една и половина година и со нејзиниот сладок карактер редовно ми ги разубавува деновите“, додава таа.

Како изгледа убавицата Клио која поради изгледот сите ја споредуваат со жирафа, погледнете во сликите кои ги приложивме.