Најновиот пораст на бројот на лица заразени со коронавирус во ЕУ во некои земји забавува, иако не сите земји-членки, но рано е да се ублажат ограничувањата воведени за борба против инфекцијата, изјави шефицата на Европскиот центар за превенција и контрола на болести Андреа Амон.
Алармантно е што стапката на смртност од последици од ковид-19 продолжува да расте низ цела Европа, минатата недела таа изнесуваше 95 на милиони жители во споредба со 84, една недела порано, рече Амон.
Според неа, минатата недела зафатеноста на одделот за интензивна нега била 91%, што значи дека некои земји веројатно го достигнале целиот капацитет. Таа зборуваше на виртуелниот собир на европратениците одговорни за европските прашања во сите земји-членки на ЕУ и во Европскиот парламент. Амон посочи дека сè уште има предизвици кога станува збор за тестирање и пронаоѓање контакти и дека земјите од ЕУ треба да ги усогласат своите медицински податоци. До денес, пријавени се над 13 милиони случаи на инфекција со коронавирус во 27-те земји-членки на ЕУ, и над 319.700 смртни случаи од ефектите на ковид-19.
Преземени од: http://rs.n1info.com/


