Еколошките организации бараат ревизија на постоечкиот закон за прогласување на Шар Планина за национален парк .Сметаат дека законот треба да претрпи измени, затоа што истиот ќе овозможи изградба на нови хидроцентрали , а постоечките ќе ја деградираат животната средина.
Вкупно 44 еколошки организации се обединија и бараат од Министерството за животна средина да се промени Предлог – нацрт законот за прогласување на Шара за национален парк. Сметааат дека и претходно дадените дозволи за изградба на хидроцентралите не ги исполнуваат еколошките нормативи.
Од Министерството за животна средина, велат дека сите барања предлози и сугестии ќе се земат предвид пред да се донесе конечната верзија законот. Најважно, како што потенцираа отттаму, е дека државата нема да дозволи работењето на хидроцентралите да и’ наштети на Шара.
Иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк е стара две децении, но планината и по подолг период никако да ја стави под заштита.
З.Д.