Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, вчера гостувал во телевизиската емисија „Хит твит“ на телевизија Пинк, каде межу другото коментар дал и за актуелните случувања во Македонија, со бугарското вето за влез во ЕУ. Српските медиуми пишуваат дека тој оценил дека премиерот Зоран Заев, не е политички неинформиран и дека знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни и дека тој знае дека на Заев му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ.
Дачиќ рекол и дека второто прашање е до каде ќе отиде Заев во тоа, а реагирал и на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.
“Но, немојте да ја прогласувате бугарската окупација за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние од југот знаеме колку тешки беа бугарските злосторства. Тие ја плукаат нивната антифашистичка борба. Еве Југославија веќе ја нема, што чекате. Ако беа толку многу. желни за прегратка, тие не би ја чекале 2020 година “, рекол Дачиќ а пренесува мондо.рс.
Дачиќ додал и дека не би сакал никој да помисли дека жали за Југославија, која, како што вели, ја сака, но дека денот кога е создадена бил несреќен ден за српскиот народ.