ВИДЕО: 27 секунди од пеколот во Бахреин: Роман Грожан одвај извлече „жива глава“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 2:09 PM

ВИДЕО: 27 секунди од пеколот во Бахреин: Роман Грожан одвај извлече „жива глава“

Неделната трка во Бахреин за францускиот пилот од тимот на „Хаас“ за малку ќе завршеше фатално. На трката во Ф1 веќе во првиот круг се случи тешка сообраќајна незгода, откако Роман Грожан се судри со возачот на „Рејсинг Поинт“, Ленс Строл и неговиот болид при огромна брзина излета од патеката и удри во банкината.

Сцената како од хорор филм што претстоеше ги загрижи и гледачите и сите останати актери во трката. Болидот експлoдираше и се запали додека Грожан беше во него. Половина минута која траеше као вечност и исчекување во страв за најлошото можно сценарио. Бахреин финишираше со среќен крај, бидејќи Грожан се појави пред камерите напуштајќи ја кабината.

Веднаш во помош втрчаа спасувачи кои го изгасија возачот со противпожарни апарати, укажана му беше помош и во истиот момент беше префрлен во болница. Формула 1 возачот заврши со „полесни телесни повреди“, изгореници по рацете и зглобовите на нозете.

Специјалното дизајнирано одело кое може да издржи температура од 800 целзиусови степени најмалку 11 секунди, го спасило Грожан од сигурна смрт.

-Апдејт од болница. Нема да можам можеби да одговорам на сите пораки некое време. Ви благодарам на сите за поддршката, ФИА и медицинската екипа што се грижеше за мене. Се надевам дека ќе се видиме наскоро, напиша Грожан на својот „Инстаграм“ профил.

Ова би можело да биде и последна трка на Грожан во Ф1, со оглед на тоа дека и пред несреќата неговиот тим не планирал да ја продолжи соработката со него.

 

 

Фото:

Тwitter / @JeanTodt