Шпекулација е дека тестовите за Ковид 19 во К.П.У Идризово се наштимани, вели Маричиќ – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 1:47 PM

Шпекулација е дека тестовите за Ковид 19 во К.П.У Идризово се наштимани, вели Маричиќ

На новинарско прашање и коментар до министерот за правда Бојан Маричиќ, дека вчера затвореници од Идризово реагираа дека таму тестовите се наштимани, а истовремено се пожалија дека се сместени во катастрофални услови за изолација, министерот потенцираше дека тоа може да биде само шпекулација и дека ситуацијата е под контрола.

„Дека тестовите се наштимани тоа може да биде само шпекулација. Јас во петокот ги соопштив информациите кои ги имав последни, во тој момент имаше околу 8 заболени затвореници во Идризово, и околу 60 во изолација. Дел од тие затвореници за да може да се овозможи правилна изолација ќе бидат пренесени во други казнено поправни установи за да се озвозможи соодветен третман. Инаку сите оние кои што се пројавиле посериозни симптоми или им е потребно соодветно лекување веднаш им е прекината издржувањето на казната и се упатени на боллничко лекување. Сметам дека ситуацијата е под контрола“, вели Маричиќ.

Вчера медиумите објавија информација дека затвореник од оддел во казнено поправната установа Идризово се пожалил на условите во кои се сместени поради изолација бидејќи тестот покажал дека се позитивни на Ковид 19.

„Овде сме петнаесетмина и сместени сме во поранешното приемно одделение. Би сакале да можете да видите во какви услови сме сместени. Катастрофални се и не веруваме дека сме позитивни затоа што ниту еден од нас нема никакви симптоми. Кога ни мереа температура дури кај некој покажуваше 36 степени, па мораше и по неколку пати да ни мерат за да може да се наштима дека сепак треба да сме излоирани од останатите затвореници“, изјавил затвореник од К.П.У Идризово за Телевизија Телма.

Г.Д