Трагедија во семејството на Виолета Томовска- Сопругот на македонското девојче ја загуби битката со ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 1:29 PM

Трагедија во семејството на Виолета Томовска- Сопругот на македонското девојче ја загуби битката со ковид-19

Утрово социјалните мрежи беа преплавени од изрази на сочуство на македонското девојче, Невена Росоманова, ќерка на фолк легендата Виолета Томовска, на која вчера, по пет недели борба со ковид-19 и почина сопругот Зоран.

Короната како што се шири, не го одмина целото семејство на фолк дамата, велат блиски до семејството и додаваат дека  од септември сите се борат со ова невидливо чудовиште.

-Три месеци нашето семејство се бори со ковид-19. Вики исто така беше позитивна. Сите го поминавме со полесни симптоми, но ете Зоки не успеа. Што се не направивме. Пет недели на Инфективно се бореше. Што да каже човек повеќе, сите сме потресени, велат членови на семејството за ММС.

Вики со ќерките Маја и Невенка

Зоки и Невенка беа во брак 30 години. Колку беше голема нивната љубов, тој покажа кога Невенка го славеше јубилејниот 50 роденден. Како што е познато, Невенка е инспирацијата на Јонче Христовски за да ја напише неповторливата македонска песна „Македонско девојче“, уште кога го славела првиот роденден. По 50 години, во чест на јубилејот на неговата сакана Зоки пред четири години организираше римејк, а го отпејаа оперската дива Весна Илкова Гиновска и славејот Наум Петрески. За овој римејк беше снимен и спот.

Колку се Зоран организирал  во тајност и со љубов за да ја изненади Невенка покажуваат зборовите запишани под видеото, кога се промовираше спотот.

 

„Денес, тоа мало девојче Невенка Томовска Росоманова го слави својот 50-ти роденден. Како што велат луѓето, кога сè што правите е со љубов и инспирирано од љубов, тогаш создаденото парче е врежано во вечноста. Во име на љубовта, Зоран Росоманов, сопругот на македонското девојче, го состави најнеочекуваниот подарок од сите за роденденот на неговата сопруга. Тој подготви една единствена преработка на песната „Македонско девојче“, правејќи ја најубаво составениот подарок досега. Беше произведено специјално издание на песната, изведена со посебно чувство, посветено на оваа посебна личност која беше инспирација на песната, да служи како потсетник за нивните посебни моменти, оставајќи безвременски печат. Росоманов успеа да го организира сето ова во целосна тајност и со вистински тим од професионалци од соништата, за денес, „Македонско девојче – Невенче“ да може да ја има својата премиера на јубилејниот роденден на неговата сопруга. Големите гестови од овој вид служат како очигледен доказ дека кога ве мотивира единствено љубовта и желбата да ги направите луѓето среќни, тогаш сè е можно и достапно. За тоа можеме да кажеме, Невенка е навистина среќна дама и сите заедно со неа, бидејќи  заради идејата и храброста на Росоманов, сега можеме да уживаме во „македонското девојче“ барем во следните 50 години.