Еден од најмаркантните ликови во НБА и со сигурност еден од најпосветените сопственици на една НБА франшиза, Марк Кјубан, во пресрет на новата 2020/21 сезона беше полн со пофални зборови за најдобриот кошаркар на Далас Маверикс.
На последното појавување во јавноста на „Danger Show“, Kјубан зборуваше исклучиво во суперлативи за Лука Дончиќ, одејќи дотаму што го споредил со Меџик Џонсон и неговата препознатлива харизма во и надвор од теренот.
-Тој може да додава, да има преглед на играта, да прави што сака на паркетот. Знае како да проигра до сиграч на време и да ја погоди целта. „Клач“ играч во тешки моменти. Ќе понесе одговорност против секого, секогаш. Одличен соиграч. Забавно момче. Меџик ги правеше сите овие работи со насмевка, Лука го прави истото за Мавси. Ја има харизмата која ја поседуваше и Меџик Џонсон, изјави Кјубан.
Лука Дончиќ во изминатите две сезони во НБА беше вистинско откровение. Минатата сезона во „баблот“ на Флорида го однесе својот тим до неверојатна серија против фаворитот ЛА Клиперс и го намачи во обидите за освојување на титулата. Словенецот за краток период стана еден од најдобрите, не само млади, играчи во лигата и кошаркар-франшиза во перспектива.
Фото:
Тwitter