И Македонија дел од акцијата „Ретровирус“: Уапсени се луѓе поради незаконски третман на санитарен отпад – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 12:52 PM

И Македонија дел од акцијата „Ретровирус“: Уапсени се луѓе поради незаконски третман на санитарен отпад

Сто и две лица се уапсени низ цела Европа под сомнение дека го загрозиле здравјето на граѓаните и влијаеле врз ширењето на корона вирусот преку неправилно и незаконско управување со отпад.

Покрај тоа, запленет е имот вреден повеќе од 800.000 евра и изречени се прекршочни казни за повеќе од 819 компании или физички лица.

Инспекторите спроведоа скоро 280.000 инспекции на санитарен отпад и објекти за транспорт, кои беа клучни во запирањето на нелегалната трговија, складирање, отстранување отпад и измама со документи.

Истрагите беа извршени како дел од заедничката операција „Ретровирус“ спроведена од Европол во 30 земји на ЕУ и три Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Само во една компанија што работеше низ Шпанија и Португалија, 20 лица беа уапсени за „злосторства против животната средина, работнички права и јавно здравје“.

Полицијата ги смета за одговорни за фактот дека компанијата во која работеле не го стерилизирала доволно нивниот санитарен отпад.

„Со цел да се зголемат профитите, тие го скратија времето на стерилизација и со тоа го загрозија јавното здравје“, наведува Европол.

Најголемата акција беше спроведена во Португалија, каде беа извршени претреси во повеќе од 2.000 компании, болници и здравствени центри, уапсени се 30 лица, изречени се бројни прекршочни казни и запленет е имот во вредност од скоро 790.000 евра.

Инспекции за транспорт на санитарен отпад беа извршени и низ цела ЕУ, а беа пронајдени илегални пратки во  Чешка, Полска, Романија и Словачка, кои потоа беа вратени во земјата од каде што беа испратени.

Европол наведува дека, од избувнувањето на пандемијата, се зачести незаконското третирање и отстранување на санитарен отпад, поради што е започната операцијата „Ретровирус“.

 

Преземено од: http://rs.n1info.com/