Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, се здоби со мали фрактури на стапалото додека си играше со едно од неговите кучиња и веројатно ќе мора да носи заштитна обувка неколку недели, изјави синоќа неговиот личен лекар.
Седумдесет и осумгодишниот Бајден беше повреден во саботата и вчера попладне посети ортопед во Њујорк, во државата Делавер, соопштија од неговиот кабинет.
Оригиналните рендгенски зраци не покажале пукнатина, но лекарите наредија подетално КТ скен, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор. На снимката се пронајдени мали скршеници на две мали коски во средината на десното стапало, рече О’Конор.
„Веројатно ќе му треба ортопедски чевел за пешачење во следните неколку недели“, рече О’Конор.
Фрактурите генерално се загрижувачки за постарите лица, но онаа на Бајден изгледа релативно блага според изјавата на неговиот лекар и планираното лекување, пренесува агенцијата АП.
Минатиот декември, Бајден објави извештај на лекар кој покажува дека тој земал лек за да го задржи холестеролот на здраво ниво, но лекарот го опишал како „здрав и силен“ и „способен за успешно извршување на должностите на претседателството“.
Бајден се повреди додека играше со Мејџор, едно од неговите две кучиња.
Семејството Бајден го вдоми Мајџор 2018 година, а нивното прво куче Чемп го земаа по изборите во 2008 година.
Бајден рече дека ги носат своите две кучиња во Белата куќа и планираат да однесат и мачка.
Преземено од: https://www.danas.rs/


