Полицајката Ангелеска која сама се удри во пајак возило си даде отказ од МВР – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 12:39 PM

Полицајката Ангелеска која сама се удри во пајак возило си даде отказ од МВР

Полициската службеничка Јасмина Ангелеска која јавноста ја запозна по инцидентот кој го имаше со функционерот на ДУИ Бекир Асани, кога со пајак возило се обидуваше да отстрани автомобил, денеска на социјалните мрежи преку фејсбук статус си даде отказ од Министертсвото за внатрешни работи.

„Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците на штета на МВР, како што пишав хранејќи си го гладното, мизерно его, а во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови.За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија,секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска каде повеќе од виш инспектор не седнал таму,зошто другите не грешат,”писмени се”? А и тие на таа дисциплинска се началници и старешини,судот на МВР.Кога ќе видиш, истиот те тужи, истиот ти суди.Тој систем повеќе неможам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте. Не е голема работа дека јас сум си заминала ,се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму,ама друго ме плаши,самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат ,постапуваат,работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството ,недовербата на граѓаните од полицијата“,  меѓу другото стои во објаснувањето на Ангелеска објавено на Фејсбук.

Обвинителството на почетокот од минатата година се откажа од кривично гонење на функционерот на ДУИ, Асани откако не најде доволно докази дека извршил напад врз службено лице. Таа тогаш во медиумите изјави дека Асани само вербално и се заканувал и дека таа повредите ги здобила удрајќи се сама во пајак возилото.

Г.Д

Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост:

Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу…

Posted by Jasmina Angeleska on Sunday, November 29, 2020