Екипата на Арсенал пред почетокот на оваа сезона влезе во големи амбиции, поткрепени со засилувања во името на Габриел, Вилиан и Томас Парти од Атлетико, кој требаше да претставува последниот дел од сложувалката во походот кон висок пласман во Премиер Лигата.
Но, како што вообичаено тоа е случај за екипата од северен Лондон во последните годините, сезоната започнува и започнуваат проблемите. После 10 одиграни кола „топџиите“ се наоѓаат на 14-та позиција на табелата со само 13 освоени бодови.
Во последниот меч од неделната програма, Арсенал на „Емирати“ го дочека Волвс на Нуно Еспирито Санто, екипа која игра во топло-ладно форма, за „око“ помалку убаво од лани и со неколку повредени и отсутни фудбалери. Тоа не ги спречи „волците“ да му го земат скалпот на фаворитот и да се зацементираат не шестата позиција која води во Европа Лига.
За жал, натпреварот не го обележа победата на Волвс, ниту прекрасните погодоци на Нето и Поденсе, туку страшната повреда на Раул Хименез на почетокот од двобојот. Воздушниот дуел помеѓу него и Давид Луиз заврши фатално за Мексиканецот, кој веднаш беше приклучен на кислородна поддршка и на носилки пренесен во болница. Од клубот јавија дека Хименез бил свесен, но денешните информации не влеваат многу надеж за неговото здравје. Лекарите потврдија дека се работи за фрактура на черепот, повреда која понекогаш може да заврши трагично и повреда која во најголема мера значи крај на професионалната фудбалска кариера за шпицот на Волвс.
Непосредно по завршувањето на натпреварот, легендата на Манчестер Јунајтед, а сега стручен аналитичар во студиото на „Скај Спортс“, Рој Кин, на ироничен и нему својствен начин ја прокоментира играта на Арсенал и сезоната на момците на Артета во целост.
🗣"I think they will have enough to stay up, I still think they will be strong enough to stay in the division.”
Roy Keane is confident Arsenal can stay up. This man! 😂 pic.twitter.com/Cw3twbT0bi
— SPORTbible (@sportbible) November 29, 2020
-Мислам дека ќе имаат доволно поени да опстанат во лигата. Мислам дека се доволно силни да останат во Премиер Лигата, коментираше Кин и ги насмеа присутните во студиото.
Арсенал следното коло го угостува Тотенхем во „дербито на северот“.
Фото:
theguardian.com