Жител на Челопек со автоматска пушка пукал по расправија со сосед, при апсењето му нашле и дрога – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 11:54 AM

Жител на Челопек со автоматска пушка пукал по расправија со сосед, при апсењето му нашле и дрога

Тетовската полиција вчера привела 24 годишно момче од Челопек кое по расправа со 47 годишен сосед испукал неколку куршуми од автоматска пушка. При приведувањето и претресот на куќата најдена е и дрога.

– Околу 18:00 часот во Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М. М. (24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихуана. Претходно, М. М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н. Р. (47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух, соопшти СВР Тетово.

При увидот била најдена една чаура со калибар 7,62мм. По приведувањето и постапката за документирање на случајот М.М ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка во тетовскиот суд.