Последните ПЦР тестирања во таборот на нашите кошаркарски репрезентативци донесоа три позитивни резултати и ја натераа ФИБА да ја одложи оваа квалификациона рунда за следната година.
Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски и Џејкоб Вејли се играчите кои имаат коронавирус и за разлика од некои други спортови, нема да бидат изземени и без нив да се продолжи против Естонија и Италија, туку двата натпревари кои требаше да се одиграат вчера и утре целосно ќе бидат одложени.
Среќа во несреќа е за македонската кошаркарска репрезентација и амбициите за Европското е тоа што ФИБА нема да ги регистрира со службен резултат овие два дуели, туку утврди нов термин за одигрување во февруари следната година.
-Меѓународната кошаркарска федерација земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера, односно утре. Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија, односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон, во февруари идната година, соопштија од КФМ.
Во првите два меча во квалификациите, Македонија загуби од Русија и Естонија.
Фото:
republika.mk