Француската полиција брутално претепа наградуван фоторепортер од Сирија – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 9:15 AM

Француската полиција брутално претепа наградуван фоторепортер од Сирија

Организацијата „Репортери без граници” (RSF) го осуди полициското насилство на вчера одржаните демонстрации ширум Франција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делор, се огласи преку Твитер во врска со полициското насилство на демонстрациите во Франција.

Делор сподели фотографија на Амер ал Халби, кој избега од Асадовиот режим во Сирија и работи како слободен фоторепортер во Франција, во болнички кревет со тампон во носот и крв на лицето и наведе дека со пендрек го претепа полицијата.

„Во полна солидарност сме со Амер ал Халби. Ова полициско насилство е неприфатливо”, напиша Делор, напоменувајќи дека Ал-Халби и уште неколку сириски новинари, кои како азиланти дошле во Франција, би требало да бидат заштитени, а не изложени на ваквата опасност.

Фоторепортерката Габриел Чезард, која исто така беше на протестите со Ал-Хаиби, за француските медиуми рече дека полицијата во текот на протестите кон новинарите најпрвин фрли солзавец.

Според неа, сите претставници на медиумите беа покрај еден ѕид и многу едноставно беше да се заклучи дека тука се сите новинари, но и покрај тоа, полицијата врз нив интервенираше користејќи пендреци.

„Амер беше единственииот фотограф кој не носеше кацига. Ненадејно го загубив, а тогаш го затекнав опкружен со луѓе, лицето му беше прекриено со крв и завој”, рече Цезард.

Добитникот на меѓународната награда за фотографија Амер ал Халби го освои второто место на престижното фото натпреварување World Press Photo Foundation во 2017 година во категаријата фотографија вести, за фотографија со која ги прикажа урнатините на Алепо.

Со уште една фотографија која ја сними во Алепо во 2017 година, Ал Халби ја доби и наградата „Bayeux Calvados Normandy”.