Седум од 10 најбогати луѓе во светот доаѓаат од секторот технологија – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 8:16 AM

Седум од 10 најбогати луѓе во светот доаѓаат од секторот технологија

Седум од десет најбогати бизнисмени на светот доаѓаат од технолошкиот сектор, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Блумберг Билионерс Индекс” (Bloomberg Bilionaires Index) објави нова листа на 500 најбогати претприемачи на светот, а на прво место е основачот на „Амазон” Џеф Безос чие богаство е проценето на 187 милијарди долари.

Богатсвото на Безоз од почетокот на годината е зголемено за 77 милијарди долари, а „Амазон” во екот на пандемијата оствари големи деловни успеси и важи за најголема интернет платформа од тој вид.

На второ место на листата на најбогати е Елон Маск, кој на третото место го потисна Бил Гејтс.

Маск е челник на компаниите како што се „Тесла” „Спејс икс” и „Неуралинк”, а неговото богатство е проценето на 140 милијарди долари.

Основачот на „Мајкрософт” Бил Гејтс е на третото место со богаство од 129 милијарди долари, а со години беше на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.

Францускиот бизнисмен Бернар Арно е на четвртото место со богаство од 105 милијарди долари, а на петтото место со лијарда долари помалку е сопственикот на „Фејсбук”, „Инстаграм” и „ВатсАп”, Марк Закерберг.

Меѓу десетте најбогати бизнисмени на светот се и Ворен Баферт, Лари Пејџ, Сеген Брин, Стив Балмер и Мукеш Амбани.