Тато, тагата е голема како мојата љубов кон тебе- Емотивно простување на Мина, ќерката на Миша Алексиќ – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/20 12:59 AM

Тато, тагата е голема како мојата љубов кон тебе- Емотивно простување на Мина, ќерката на Миша Алексиќ

Ќерката на басистот на рок групата „Рибја чорба“,  Мирослав Миша Алексиќ, кој почина од последиците од вирусот корона, напиша емотивна порака на својот профил на Фејсбук.  Трогателната порака на Мина ви ја пренесуваме во целост:

– Сè уште чекам да се разбудам од овој страшен кошмар и да се стрчам кон тебе во прегратките на твојата неизмерна љубов. Голем дел од мене почина денес, со тебе, рокенрол сцената и животот е посиромашен за едно бесконечно добро, позитивно и искрено суштество. Ништо повеќе нема да биде исто, ниту мирисот на воздухот, ниту звукот на гитарата, ниту семејното патување, ниту вкусот на нашето омилено  јадење, ниту среќата во ситниците што си ги подготвуваме еден за други, ниту стравот од глупоста и шегувањето на нашите интерни шеги. Ми недостигаш бескрајно, но твојата енергија ќе живее вечно во мене, во мајка ми, во моите деца, зад себе остави трага што ќе биде вечна како мојата љубов кон тебе. Ти благодарам тато што ме научи да бидам тоа што сум и што ќе се бориме за тебе, мама и јас, храбро како тебе. Благодарност до сите што беа и ќе бидат со нас. Те сакам надвор од границите на животот на Чаки, небото сега е побогато за музичката сцена, среќен пат на новото патување што те чека, не заборавај ја твојата гитара. Се гледаме горе, чувај ме до тогаш! – напиша Мина покрај заедничката фотографија со нејзиниот татко.

Фото: Фејсбук