Фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, преку фејсбук групата на неговиот бенд се прости од својот долгогодишен пријател Мишо Алексиќ.
„Мојот брат, Миша, почина утрово. Тој се бореше како лав до последниот здив. Заедно свиревме 42. години и не можам да замислам да го нема. 42. години никогаш не сме се погледнале грдо, а камоли да сме се скарале. Не можам да замислам свирка без него. Се согласивме да умреме на сцената, а тој побрза. Ти благодарам брат за сè. Бора“, објавена е пораката на Ѓорѓевиќ на официјалната страница на „Рибља чорба“.
Миша бил заразен со коронавирус, неодамна неговата состојба се влошила и завршил на респиратор. Почина денес.