Штипјанец си пазарувал со фалсификувани евра – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/20 5:04 PM

Штипјанец си пазарувал со фалсификувани евра

Штипјанец си пазарувал со фалсификувана банкнота од 20 евра. Продавачот забележал откако лицето си заминало.

„На 28.11.2020 во 13.45 часот во СВР Штип, Д.Ј.(53) од Штип пријавил дека едно лице платило со фалсификувана банкнота од 20 евра во продавницата во која работел. Според пријавеното, тој ја примил банкнотата, а откако лицето излегло забележал дека е фалсификувана,“информираат од Полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.