Работниците во „Фиат“ ќе штрајкуваат поради Роналдо – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/18 3:02 PM

Работниците во „Фиат“ ќе штрајкуваат поради Роналдо

Работниците во автомобилскиот концерн „Фиат“ ќе почнат штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус за 105 милиони евра – информираат од Синдикатот.

Според информациите, дел од сумата за неговиот трансфер ќе биде платена преку спонзорство од компанијата „Ексор“, сопственик на „Фиат“ и „Ферари“.

– Недозволиво е работниците во претпријатието да понесат економски рестрикции, а во исто време да се трошат стотици милиони за купување на фудбалер. Постојано ни се кажува дека времињата се тешки и треба да штедиме, додека чекаме да се пуштат новите модели кои сепак така и не доаѓаат. И додека работниците и нивните семејства ги затегнуваат ремените се повеќе, компанијата одлучи да инвестира многу пари во еден единствен човек. Чесно ли е тоа? Нормално ли е човек да заработува милиони, додека илјадници семејства едвај преживуваат до средината на месецот. Поради тоа објавуваме штрајк од недела, 15 јули до вторник, 17 јули – се наведува во изјавата на Синдикатот