Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон повторно беше во рингот.
Ревијалниот бокс меч меѓу легендарниот светски шампион Мајк Тајсон и Рој Џонс одржан во Лос Анџелес заврши без победник, но имаше сè, а публиката можеше да ужива во спектаклот.
Судиите по борбата во осум рунди од по две минути полна со многу клинча одлучиле да нема победник мечот да заврши реми 76-76, 76-80 и 79-73.
54 годишниот Тајсон и три години помладиот Џонс ревијалниот меч го одработија во Стејлп Центарот во Лос Анџелес.
https://youtu.be/EqVOPo8MteQ
Во петтата рунда Џонс со серија од четири удари беше блиску да го нокаутира големиот шампион , но „Железниот Мајк “ не капитулираше.
Тајсон во завршницата од мечот се обиде да му се приближи на Џонс и да го нокаутира противникот , но за жал не успеа во намерата.
Foto: Printskrin