Јахорина ја отвора сезоната, ќе чека скијачи од „затворената“ Европа – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/20 10:40 AM

Јахорина ја отвора сезоната, ќе чека скијачи од „затворената“ Европа

Олимпискиот центар Јахорина утре официјално ја отвора скијачката сезона.

Благодарение на снежните врнежи, поволната температура и а најмногу на системот за правење снег, Јахорина е подготвена повторно да ги пречека сите љубители на зимските активности, објави Олимпискиот центар.

Олимпискиот центар „Јахорина“ апелира до сите скијачи и посетители за време на престојот на оваа планина да се придржуваат до сите потребни епидемиолошки мерки, да бидат одговорни пред себе и другите.

Локалните медиуми претходно пишуваа дека скијачките центри во Босна и Херцеговина, доколку европските скијачки центри останат затворени, се надеваат на доаѓање на скијачи од земјите во регионот и пошироко.

Со оглед на тоа што скијачките центри во Франција веќе објавија дека ќе бидат затворени, а Германија бара алпските земји да не ги отвораат своите скијачки центри, за прв пат се случува многу скијачи од Франција, Италија и Австрија да го резервираат своето доаѓање на Јахорина, открива директорот Дејан jeевнаиќ од Олимпискиот центар „Јахорина“.

Според досега достапните информации на ОО „Јахорина“, оваа година тие имаат повеќе резервации од минатата.

ивор: Agencijа

Фото-sаjam.rs