Најтоплата ноемвриска ноќ во Сиднеј, прогласена опасност од пожар – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/20 9:54 AM

Најтоплата ноемвриска ноќ во Сиднеј, прогласена опасност од пожар

Сиднеј ја забележа најтоплата ноемвриска ноќ, а дневните температури треба да достигнат 40 степени денес, па противпожарната служба на Нов Јужен Велс издаде предупредување за пожар за поголемиот дел од источниот и североисточниот дел на земјата.

Австралискиот град минатата ноќ забележа минимална температура од 25,4 степени, објави Би-Би-Си.

Температурите за време на викендот пораснаа и во другите делови на земјата, вклучително и во Јужна Австралија и Викторија. Највисоката температура во Сиднеј, 30 степени, е забележана во 4,30 часот.

Претходниот рекорд од 24,8 степени беше поставен во 1967 година. Бирото за метеорологија објави шестдневен топлотен бран на север во делови на Нов Јужен Велс и на југоисток од Квинсленд.

Руралната противпожарна служба (РФС) издаде предупредување за „голема до сериозна опасност од пожар“ во источните и североисточните делови на Нов Јужен Велс.

Во моментов има 45 пожари во земјата во кои гори вегетацијата. Пожар се заканува да зафати куќи во западен Сиднеј.

Во петокот, заменик-комесарот на РФС, Питер Мекени ги повика луѓето да подготват планови за гаснење на пожарот.

Минатата година Австралија беше зафатена од огромни пожари во кои изгореа 24 милиони хектари земја, беа уништени над 3.000 домови, а речиси три милијарди животни беа убиени или бегаа. Најмалку 33 лица беа убиени.