Во текот на ноќта времето во земјава беше ведро и студено со променлива облачност која се преместуваше од запад кон исток. Утрово е сончево, по одделни котлини има појава на слаба магла. Во 7 часот магливо е во делови од Скопје, Демир Капија и Струмица.
Најстудено беше во Битола , каде се измерени -6 степени, -5 Струмица, -4 Скопје – Петровец, Демир Капија, -3 Тетово, Берово, -2 Штип, Скопје-Зајчев Рид, -1 Крива Паланка, Прилеп, Лазарополе, 0 Гевгелија, Маврови Анови, 1 Охрид, 2 Претор.
Наутро понекаде во котлините ќе има слаба магла. Преку денот ќе биде претежно облачно и слаб променлив ветер. Попладне од запад ќе започнат врнежи од дожд кои ќе се прошират кон исток во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег, а преку ноќта и особено на северот снег ќе провејува и на повисоките места. Од крајот на денот ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер кој ќе е најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Во Скопје наутро магливо, а преку денот облачно и претежно тивко. Попладне ќе има услови за повремен дожд и од крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.