Горан Пандев прогласен за маж на годината – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/20 11:32 PM

Горан Пандев прогласен за маж на годината

Фудбалерот Горан Пандев е официјално маж на годината за 2020 година прогласен на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас.

Оваа година стручното жири одлучи наградата за маж со најголем придонес во општеството оваа година да отиде во рацете на целокупниот медицински тим кој неуморно се бори веќе девет месеци со корона. Во нивно име наградата ја подигнаа доктор Виктор Исијановски, директор на Здрваствен дом Скопје и Милица Бубало, раководител на Брзата помош.

Наградата за Маж со најголем придонес во спортот припадна на Македонската фудбалска репрезентација, а наградата ја подигна селекторот Игор Ангеловски Мрме, кој,пак  е прогласен за маж на годината во избор на организаторите отиде.

Маж со најголем придонес во културата е Џијан Емин. За маж со трајни вредности е избран  Влатко Стефановски.

Изборот на Мажи на годината е во организација на „Џентлмен Магазин“ и „Фрајдеј Комуникации“.

Фото: friday.mk