Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на 3. Самит на спикери на Парламенти на Централна и Источна Европа и на прославата на 550-годишнината од Полскиот парламентаризам, што ќе се одржи во Варшава, Република Полска.
На Конференцијата претседателот Џафери ќе има обраќање на тема „Парламентите во меѓународната политика“ и ќе оствари и билатерални средби со свои хомолози од регионот.