Со благи симптоми сум, ќе работам од дома- Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски позитивен на корона – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/20 5:52 PM

Со благи симптоми сум, ќе работам од дома- Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски позитивен на корона

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, пред неколку часа на свјот Фејсбук профил објави вест дека е позитивен на квид-19, и дека до оздравување професионалните обрски ќе ги завршува од дома во изолација.

Почитувани сограѓани,
Во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи…

Posted by Звонко Пекевски on Saturday, November 28, 2020

-Во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи симптоми и по направениот тест за Ковид 19, резултатот од моето тестирање излезе позитивен. Ве известувам дека, како општина, гарантирајќи ја здравствената сигурност на граѓаните, работните обврски, до завршување на периодот на лекување, ќе продолжам да ги извршувам од својот дом.

Ова е доказ дека вирусот никого не остава имун, затоа, упатувам апел до сите: чувајте се, почитувајте ги мерките за заштита и придонесете за доброто во заедницата, заштитувајќи го колективното здравје, напиша Пекевски.