Тинјџер тврди дека Марадона му е татко и бара откопување на телото – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/20 4:33 PM

Тинјџер тврди дека Марадона му е татко и бара откопување на телото

Сантијаго Лара, тинејџер од Аргентина, го овласти својот адвокат да побара ексхумација на телото на неодамна погребаниот  Диего Армандо Марадона.

До судот во Ла Плата беше доставено барање за обдукција и ДНК анализа, се со цел да се утврди дали прославениот фудбалер е биолошки татко на Сантијаго Лара.

Деветнаесетгодишникот верува дека тој е син на Марадона, а за тоа првпат започнал да зборува во 2014 година, кога имал само 13 години, пренесува порталот Инфобае.

Неговата мајка Наталија Гарат била келнерка. Таа починала во 2006 година од рак на белите дробови, а наводно имала врска со Марадона, која траела седум години, со повремени прекини.

Неколку пати, за време на животот на Диего, Лара се обиде да постигне судска спогодба, иако без успех.

“Мајка ми почина кога имав три години. Непосредно пред да почине, им рече на адвокатите дека Диего е мојот татко. Само сакам да ја знам вистината, не ме интересираат парите во овој случај. Знам дека ова нема да биде популарно во Аргентина, но што друго можам да направам сега “, изјави тој за Телемундо.

Марадона почина на 60-годишна возраст како резултат на срцев удар, а во Аргентина беше прогласена тридневна жалост поради неговата смрт.