За претседателот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев несфатливо е историските и научни теми да ги отвара премиерот а не историчари, академици што ги плаќаме тоа да го работат, кои за жал се кријат цело веме.
– Тажно е што тие интелектуалци носители на знаењето се покажаа најплашливи. Наместо тие да го споделат знаењето не е нормалмо политичари да отвараат такви теми. Треба тоа да го сторат науката и научниците кои цело време молчат и не доволуваа за ова да се зборуваа – вели Колев.
Според него бугарската влада и општество ја има изгубено тотално довербата во своите партнери од македонската страна.
Македонската дипломатија ја преспа бугарската декларација во парламентот, која е резултат на инертноста на македонската страна, која не направила никакво позитивно движење, иако на неколку состаноци тоа им било предочено, по што во бугарскиот парламент се случува како реакција – рамковна декларација изгласана од сите.
– Пред изборите е најдобро ако правиме нешто да правиме со сегашната влада. Затоа што по засилена предизборна реторика и тврди забетонирани позиции тешко ќе има компромис. Борисов и неговата партија се многу поповолна опција за Македонија. Компромис е возможен со Борисов, но ако ги изгуби изборите со нова владејачка гарнитура на чело со бугарската социјалистичка парија и шоуменот-радикален националист Слави Ттрифунов,тоа е речиси невозможно. БСП има долг и тежина кон македонското прашање од 1946 година до педесет и некоја, од времето на пописите и македонизацијата на Пиринска Македонија. Тоа петно постојано им го забележуваат во бугарската јавност – потенцира Колев забележувајќи дека сеуште постои железна завеса на информации поради која тука не знаеме многу работи за Бугарија.
– Историски факт е фашизмот и Ваташа, но зошто не се кажува дека полковникот е со потекло од Крива Паланка и заради тоа е осуден на смрт од бугарската држава, дека роднина на сегашниот претседател на Ману, Љупчо Коцарев бил градоначалник на Охрид, дека биле бугарските власти со фашистите, ама биле и македонци, не биле сите антифашисти = заклучува Петар Колев од ГДУ.