Пејачот Дарко Лазиќ во една емисија призна дека не се „отарасил“ од долговите! Лазиќ изјави дека долговите се зголемени, па сега бројката што ја должи, според него, е еден и пол милиони евра.
“Сè уште не ги отплатив долговите, тие се зголемија. Беше милион, сега е милион и пол. Но, добро, веднаш штом почнам да работам, ќе ги вратам. Важно е главата да биде на моите рамена”, рече Дарко.
“Ако некои други се во долгови, зошто јас да не можам? Милион и пол евра воопшто не се малку”, додаде Лазиќ, на што домаќинот го праша дали се шегува.
“Не се шегувам. Кому треба да му е гајле дали должам или не? Дали треба некој да ме убие за тоа сега? Сè е во луѓето, јас сум најнормална личност. И ако должам, знам дека ќе ги вратам”, истакна пејачот во емисијата „ДеТоксик“.
Последните месеци Дарко шокира од трансформациите, а познато е дека ослабе дури 70 килограми.
Извор и фото: mondo.rs


