Лесна заработка: Секој што ќе пријави непрописно паркирање добива 44 долари – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/20 10:33 AM

Лесна заработка: Секој што ќе пријави непрописно паркирање добива 44 долари

Њујорк сака да одвои дел од наплатените казни за непрописно паркирање за тие што ќе ги пријават сторителите, а бонусот е 44 долари од 175 долари, колку што изнесува казната.

Новиот закон, усвоен во Градскиот совет претходната седмица, треба да им овозможи заработка на граѓаните. Слично нешто беше воведено и пред две години, од кога граѓаните можат да заработат ако пријават камиони и автобуси што се паркирани со вклучен мотор, наведува „ХАКревија“, а пренесува „Јутарњи лист“.