Аријан Адеми, иконата на загрепски „Динамо“, одигра уште еден фантастичен нaтпревар и ги однесе „модрите“ до победа во Клагенфурт и веројатно до уште една европска, втора европска пролет во последните 50 години.
„Динамовиот“ капитен е веќе десет години на „Максимир“ и е заштитен знак на „Динамо“. Тој во Клагенфурт го запиша 76. европски настап за „Динамо“ со што го изедначи рекордот на Самир, но уште оваа сезона Аријан ќе биде сам на врвот. Адеми неодамна првпат избори настап и со репрезентацијата на Македонија на едно европско првенство, на ЕП што ќе се одржи следната година, пишува „24 сата.хр“.
„Бидејќи играм за ’Динамо’, клуб во кој има многу репрезентатицни, често им љубоморев на моите соиграчи што играат на големи натпреварувања на репрезентативен план. Ете, сега тоа ми се случи и мене и можам да ви кажам дека чувството е феноменално. Вредеше секоја секунда труд и одрекнувања. Кога одлучив да заиграм за Македонија, татковината на моите предци, се дадов сто отсто во таа приказна. Исто како и за ’Динамо’. Одам максимално на секој натпревар. Таков сум, таков секогаш ќе бидам“, вели Адеми.